Навивачи на Ливерпул почнаа да ги палат дресовите на Александер-Арнолд (ВИДЕО)

Англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд реши на крајот ан сезоната да си замине како слободен агент од Ливерпул и да потпише со Реал Мадрид.

Навивачите на премиерлигашот не се среќни поради потегот на Александер-Арнолд, па решија да ги запалат дресовите.

Александер-Арнолд беше во екипата од својата шеста година, а при збогувањето со „црвените“ призна дека ова му е една од најтешките одлуки во животот.

Во текот на својата кариера во Ливерпул, талентираниот фудбалер одигра 352 натпревари и освои осум пехари со премиерлигашот.