Реми без голови во Скопје: Вардар и Струга ги чуваа силите за финалето во Купот
Првите 20 минути од натпреварот поминаа без возбудувања, по што Струга беше поконкретна во финишот од средбата, но повторно без вистинска шанса за да ја затресе мрежата на скопскиот тим.
Во второто полувреме двете екипи беа поактивни на теренот, меѓутоа недостасуваше завршница на двете страни затоа што речиси сите создадени шанси не беа доволно добри за некој од тимовите да постигне гол.
Вардар има 39 бодови по 31 одиграно коло, додека Струга е на четвртата позиција со 49 поени.
Утре од 17 часот ќе играат:
Брера Струмица – Шкупи
Шкендија – Работнички
Тиквеш - Беса