
Охридско дете го однесе Панатенаикос на Ф4, магична партија на Чеди Осман!
Панатенаикос е последниот тим кој се пласираше на фајнл-фор турнирот во Евролигата, тие им се приклучија на Монако, Фенербахче и Олимпијакос.
Најдобар на денешниот натпревар беше Чеди Осман кој веројатно го одигра најдобриот свој меч во Евролигата.
Момчето кое е родено во Охрид, мечот го заврши со 28 поени и осум скокови, беше убедливо најдобар на теренот. Втор стрелец во тимот на Панатенаикос беше Нан со 12 поени. Кај Ефес најефикасен беше Брајант со 16 поени.
Денеска се одигра и мајсторката меѓу Монако и Барселона која ја доби францускиот тим со 85-84 и со 3-2 се пласираше на завршниот турнир.
Џејмс со 20 поени беше најефикасен во составот на Монако, Пантер реализираше 19 за Барселона.
Фото: ЕПА