
Само суспензија на Кожуф и Башкими може да ја врати довербата во фудбалот и спортот воопшто!
Фудбалерите на Кожуф и Башкими сигурно ќе добијат и европска, не само балканска слава, по приредбата која ни ја понудија, а нема да нѐ чуди случајот да дојде и до УЕФА. Затоа, ФФМ треба сѐ да сосече во корен и да испрати сигнал дека ова веќе нема да се повтори.
Ако се премолчи овој случај и Башкими влезе во Првата лига на ваков начин, сите нечесници во мак-фудбалот, а се имаат годиниве бајаги насобрано, ќе добијат крилја да го прават истово и во иднина...
Во правилниците на ФФМ јасно пишува кои се санкциите за нанесување срам на организацијата и натпреварувањето, а ако во целиот случај улога добие и МВР, тогаш режисерите на овој скандал треба да се соочат и со многу поостри казни од фудбалска или спортска суспензија...