Фаворитите без грешка во Втората лига - по три бода за Македонија ЃП, Арсими и Башкими!

Првите три екипи од Втората лига, Македонија Ѓорче Петров, Арсими и Башкими беа успешни во денешното 28. коло и освоија нови три бода во трката за пласман во македонската елита.

Македонија Ѓорче Петров оствари минимален триумф против Вардар Неготино (1-0) со голот на Ристе Лембовски во 66. минута.

Арсими во ефикасен меч го совлада Борец со 4-2, а стрелци на погодоците за победничкиот тим беа Бобан Георгиев, Суби Мустафа и Таипи Албан кој постигна два гола. За екипата од Велес, од друга страна, погодија Матеј Панов и Флорент Османи.

Башкими им се врати на победите, откако успеа да го „нокаутира“ Кожуф со 2-1, додека Брегалница на домашен терен ја совлада Беласица со 1-0 со голот на Стефан Бабунски.

Резултати - 28. коло - Втора лига:

Борец – Арсими 2-4
Брегалница – Беласица 1-0
Детонит Плачковица – Охрид 3-2
Скопје – Победа 0-0
Кожуф – Башкими 1-2
Осогово – Новаци 2-0
Вардар Неготино – Македонија ЃП 0-1
Вардарски – Каменица Саса 1-4

Табела:

Македонија ЃП 63, Арсими 61, Башкими 60, Брегалница 55, Детонит Плачковица 43, Охрид 42, Каменица Саса 39, Скопје 36, Кожуф 33, Новаци 32, Победа 32, Вардар Неготино 30, Осогово 26, Борец 13 и Вардарски 11