Публиката во Гевгелија удри по нивните фудбалери: Ку*ви, местачи... (ВИДЕО)

Фудбалерите на Кожуф со срамна реакција во последните минути му дозволија на Башкими да слави со 2-1 во Гевгелија, а тоа предизвика бурни реакции кај навивачите.

Домашните играчи останаа статични во последните минути од судиското надополнување, а Башкими тоа го искористи за да запише важна победа, по што почнаа навредите од публиката која не беше задоволна со потегот на фудбалерите на Кожуф.

Кожуф со овој пораз остана на 10. позиција со 33 бодови, додека Башкими со 60 поени е на третата позиција и го чека борба за пласман во македонската елита.