Ролан Гарос го зголеми наградниот фонд, победниците ќе добијат над 2,5 милиони евра

Организаторите на Ролан Гарос го зголемија наградниот фонд на 56,35 милиони евра, односно 5,21 отсто повеќе од минатата година.

Карлос Алкараз и Ига Швјонтек ги освоија титулите минатата година, а исто така добија и по 2,4 милиони евра за шампионскиот пехар.

Оваа година освојувачите ќе добијат повеќе пари, односно 2,55 милиони евра.