Јамал потпишува нов договор со откупна клаузула од милијарда евра!

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал оваа сезона игра во извонредна форма и поради тоа наскоро ќе потпише нов договор со неверојатна откупна клаузула.

Јамал на 23 април 2023 година дебитира за првиот тим на Барселона на само 15 години, а оваа година во јули ќе стане полнолетен по што ќе може да потпише нов договор.

Талентираниот фудбалер на неговиот роденден, на 13 јули, ќе стави потпис на соработка која ќе трае до јуни 2030 година.

Шпанскиот репрезентативец ќе добие зголемување на платата, но и откупна клаузула од милијарда евра.

Фото: EPA PHOTO