Србин ќе го чува голот на Манчестер јунајтед од следната сезона?

Поранешниот англиски и европски шампион Манчестер јунајтед сака да го ангажира српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ.

Милинковиќ-Савиќ во моментов ја брани мрежата на Торино, а наводно ги почнал преговорите со „црвените ѓаволи“ и се очекува трансферот да биде комплетиран во летниот проден рок.

Србинот треба да го замени Андре Онана, кој направи голем број грешки по доаѓањето во Англија.

Фото: Facebook/ Manchester United