Вирц нема да го следи Алонсо, има други планови за иднината!

Баер Леверкузен на крајот на сезоната ќе загуби важни членови на екипата, а станува збор за тренерот Чаби Алонсо и најголемата ѕвезда Флоријан Вирц.

Алонсо треба да потпише за Реал Мадрид, а сите очекуваа по истите стапки да тргне и Вирц, сепак Германецот има други планови за иднината.

„Билд“ пишува дека Вирц си договорил трансфер во нов тим, но тоа нема да биде „кралскиот клуб“, туку Баерн Минхен.

Баерн долго време го следи Вирц и наводно веќе ги договорил условите со талентираниот германски репрезентативец.