
Европа очекува нов спектакл: Барса гостува во Милано во битка за финале!
Очекувањата се големи најмногу поради првиот тпревар одигран во Каталонија, кој заврши без победник 3-3 откако Интер прво поведе со 0-2.
Интер вечерва го има домашниот терен на „Џузепе Меаца“ како потенцијална предност, но Барселона под водство на Ханс Флик игра инспиративно и офанзивно, па веројатно ќе влезе во натпреварот со помал притисок. Атмосферата во таборот на каталонскиот гигант е на високо ниво, особено по неодамнешната победа над Реал Мадрид во финалето на Купот на Шпанија, како и предноста од четири бода на табелата во Ла Лига на само неколку кола пред крајот.
На спротивната страна, „нераѕурите“ од Милано до неодамна беа во трка за сите три трофеи оваа сезона, но во последниот период играат во нешто послаба форма Тимот веќе го загуби првиот трофеј, беа елиминирани од Купот на Италија по поразот со 3-0 од градскиот ривал Милан, а дополнително ја загубија и лидерската позиција во Серија А каде што Наполи на три кола пред крајот има три бода предност.
Но, многу пати досега сме биле сведоци дека формата не мора ништо да значи пред вакви големи натпревари, избраниците на Инзаги сигурно имаат на што да се надеваат.
Ќе потсетиме, утре во второто полуфинале силите ќе ги одмерат ПСЖ и Арсенал.
Фото: EPA PHOTO