Барселона има непријатно изненадување за Интер

Каталонскиот гигант Барселона вечерва ќе се соочи против Интер во Милано во Лигата на шампиони (ЛШ) од 21 часот, а на теренот најверојатно ќе има помош од напаѓачот Роберт Левандовски.

Левандовски му кажал на тренерот Ханси Флик дека е целосно подготвен да го почне натпреварот од првата минута.

Полскиот напаѓач оваа сезона постигна дури 40 голови во сите натпреварувања и дефинитивно ќе претставува голема опасност кон голот на „нераѕурите“.

Првиот меч меѓу европските гиганти заврши 3-3, па вечерва од 21 часот ќе го дознаеме патникот во финалето на ЛШ.

Фото: Facebook/ FC Barcelona