Бивш француски министер им се извини на навивачите на Ливерпул

Поранешниот министер за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен им се извини на навивачите на Ливерпул поради хаосот во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) во 2022 година на стадионот „Франција“ во Сен Дени.

Финалето се одржа на 28 мај 2022 година, а почетокот доцнеше 37 минути поради проблемите со влезот на навивачи на стадионот.

„Им се извинувам на навивачите на Ливерпул. Очекувавме напад од хулигани, а всушност имаше луѓе кои дошле да крадат. Комбинацијата на лоши проценки го создаде хаосот“, призна поранешниот министер.

Ливерпул го загуби финалето во ЛШ од Реал Мадрид со 0-1, а единствениот гол го постигна Винисиус Жуниор.