Полуфиналните фрустрации на Барса: „Каталонците“ немаат победа на гости од 2011 година

Барселона се врати во полуфинале од Лигата на шампионите првпат по пауза од шест години и утре во Милано ќе се обиде да стави крај на фрустрациите кога станува збор за оваа фаза, а кои траат од 2012 година.

Последен пат каталонскиот тим славеше како гостин во полуфинале од Лигата на шампионите, година претходно, во 2011 година на „Бернабе“ против Реал кога со головите на Меси оствари триумф од 2-0. Четири пати по тој меч стигна до претпоследната фаза и доживеа четири порази.

Се почна со неуспехот на дуелот со Челси во 2012 (0-1), продолжи со дебаклот од Баерн година подоцна (0-4), па од истиот тим во 2015 (2-3) и финишираше со еден од најболните порази во историјата на клубот, од Ливерпул со 0-4 во 2019 година. Од овие порази, горчина немаше само оној од Баерн пред една деценија бидејќи на првиот меч на Камп Ноу, Барселона славеше со 3-0 и обезбеди пласман во финалето каде го победи Јувентус со 3-1 и ја освои петтата, засега последна титула во Лигата на шампионите.