
Доминација на Мекларен: Пјастри триумфира на трката во Мајами
Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен се соочи со голем притисок од самиот старт од возачите на Мекларен. Најпрво водеше голема борба со Пјастри, кој успеа да го премине, а потоа следеше падот на првакот.
Ферстапен го загуби и второто место по борбата со Норис која траеше неколку круга, а на крајот мораше да се задоволи со четвртата позиција.
Во топ-10 завршија и Албон, Антонели, Леклер, Хамилтон, Саинц и Цунода.
Фото: EPA PHOTO