Македонските ракометни репрезентативци се собраа во Скопје пред тешките натпревари кои ги очекуваат против Естонија и Литванија во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Македонија ја чека тешка задача во последните две квалификациски кола, а ракометарите се свесни дека само триумф против двата ривали е опција доколку сакаат да ги задржат шансите за пласман на големото натпреварување.

Ракометарите најпрво ќе се соочат против Естонија на 8 мај од 18 часот, а три дена подоцна играат против Литванија во истиот термин.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров по четири одиграни кола се на третата позиција во групата 1 со два бодови, додека пред Македонија се Литванија со шест и Словенија со осум бода.