Руд го надигра Дрејпер и го освои мастерсот во Мадрид

Норвешкиот тенисер Каспер Руд славеше во дуелот против Џек Дрејпер со 2-1 во сетови, односно 7-5, 3-6 и 6-4 во финалето на мастерсот во Мадрид.

Дрејпер направи брејк уште во третиот гем (2-1), но го загуби ритамот во финишот на сетот кога Руд му се реваншира со два брејка и славеше со 7-5.

Руд беше сигурен на својот сервис во вториот сет сè до седмиот гем, кога Дрејпер го освои првиот од двата брејка во сетот кој го доби со 6-3.

Голема борба понудија двајцата тенисери и во третиот сет, меѓутоа Руд со 6-4 успеа да го совлада Дрејпер и да се закити со пехарот во Мадрид.

Фото: EPA PHOTO