
Пелистер се појави во Струмица, таму го немаше Гостивар - службена победа!
Иако Гостивар вчера соопшти дека се повлекува од натпреварување и нема да ја доигра сезоната, фудбалерите на Пелистер отпатуваа во Струмица за секој случај.
Сепак, Гостивар не се предомисли, си остана на својата одлука за напуштање на првенството. Во Струмица се појавија само пелистерци и официјалните лица кои беа делегирани за мечот.
Судиите ги почитуваа пропозициите, сочекаа половина час и означија крај на мечот. Пелистер со службени 3-0 го доби натпреварот.
Покрај Гостивар, претходно и Воска ја напушти лигата, па оние кои до крајот на сезоната играат со овие два клуба, мечевите ги добиваат со службен резултат.