Сабаленка си оди дома со трофејот од Мадрид

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка триумфираше на Мастерсот во Мадрид откако во финалето беше подобра од Коко Гоф со 2-0 (6-3, 7-6).

Можеше мечот да биде нешто поинаков, особено во вториот сет кога Гоф имаше и сет-топка на свој сервис, но Сабаленка покажа зошто е убедлив лидер на ВТА листата. Првиот сет помина во нејзина доминација и без проблеми поведе со 1-0, во вториот Гоф водеше со 5-4, имаше сервис и имаше предност, но Сабаленка не дозволи израмнување, се избори за тај брејк и потоа со 7-3 стигна до конечна победа.

Со неа, а пред се поради елиминацијата на Швјонтек во полуфиналето, Сабаленка дојде до 11.118 бода и од понеделник ќе има над 4.300 бода преднод пред полската тенисерка. Тоа ѝ гарантира дека уште долго време ќе биде на чело на ВТА листата, а веќе е 28 недели по ред на првата позиција.

Инаку, ова беше четврти трофеј за Сабаленка на Мастерсот во Мадрид со што се израмни со досегашната рекордерка Петра Квитова.