Арсенал со мислите е во Париз, загуби дома од Борнмут! (ВИДЕО)

Борнмут со пресврт во второто полувреме победи на гостувањето кај Арсенал со 2-1, топчиите со мислите беа кон реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Откако Ливерпул ја завери шампионската титула, Арсенал нема за што да се бори во Англија, па целиот фокус е кон реваншот против ПСЖ.

Артета денеска настапи со најдобриот тим, но очигледно е дека фудбалерите не беа максимално фокусирани на овој дуел.

Арсенал поведе во 34. минута со гол на Деклан Рајс, тоа беше единствениот погодок во првото полувреме.

Во вториот дел Борнмут најпрво изедначи со гол на Хујсен во 67. минута, а осум минути подоцна Еванилсон погоди за комплетен пресврт и водство на гостите од 2-1.