
Заврши Чемпионшип: Лампард ќе се бори за влез во Премиер лигата!
Директното учество во елитата од претходно го обезбедија Лидс и Барнли, додека Шефилд и Сандерленд беа игурни на третата и четвртата позиција, но отворено беше прашањето за последните две места во разигрувањето.
Тие позици на крајот им припаднаа Ковентри кој од клупата го предводи Френк Лампард и Бристол. Ковентри по двата порази во низа успеа да слави кога беше најпотребно и го доби Миделзброу кој исто така беше во игра за една од двете позици.
Бристол заврши како шести и тоа откако денеска ремизираше со Престон, ова им беше доволно затоа што Блекбурн исто така ремизираше, а Милвол загуби од Барнли.
Во третиот ранг на англискиот фудбал се селат Лутон, Плимонт и Кардиф.
Фото: Coventry City FC/X