
Атлетико не успеа да го „скрши“ Алавес
Натпреварот не понуди многу возбудувања, а освоениот бод е од голема важност за Алавес во битката за опстанок.
Алавес сега има 35 бодови и се наоѓа на 16. позиција на табелата, додека Атлетико останува трет со 67 освоени поени.
Првото полувреме мина без посериозни прилики, а најголемата контроверзија се случи во 41. минута, кога судијата Мартинез му покажа директен црвен картон на Хулијан Алварез по еден груб старт. Сепак, по интервенцијата на ВАР и прегледаната снимка, одлуката беше променета и напаѓачот на „јорганџиите“ помина само со жолт картон.
До 70. минута на натпреварот немаше ниту еден шут во рамките на голот, ниту од домаќините, ниту од гостите. Дури во финишот средбата доби нешто повисоко темпо и видовме неколку полушанси, меѓутоа резултатот не се промени.
Фото: Deportivo Alavés/X