Лопетеги потпиша двегодишен договор со Катар

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и шпански селектор, Хулен Лопетеги е поставен на кормилото на репрезентацијата на Катар.

Фудбалскиот сојуз на Катар соопшти дека е потпишан двегодишен договор со Лопетеги, кој доаѓа како замена за Луис Гарсија.

Лопетеги го имаше последниот тренерски ангажман во Вест хем, но доби отказ по само шест месеци на тренерското столче во лондонскиот тим.

Фото: Qatar Football