Светот во шок: Роналдо испадна, па се расправаше сам со себе (ВИДЕО)

Ал Наср не успеа да се пласира во финалето од Азиската лига на шампиони откако синоќа на домашен терен загуби од јапонскиот Кавасаки со 2-3.

Тимот од Саудиска Арабија доминираше на теренот, имаше 75% посед на топката и 21 шут, но и покрај тоа загуби од аутсајдерот кој се наоѓа на осмото место во првенството на Јапонија. Роналдо не успеа да постигне гол, но светот е загрижен за неговата психичка состојба по она што го направи Португалецот по завршувањето на натпреварот.

На центарот на теренот, тој се расправаше сам со себе, си вршеше реконструкција на натпреварот, гестикулираше со рацете и тоа траеше подолго време. Она што е најважно, Роналдо се уште е без трофеј во дресот на Ал Наср и без трофеј откако во 2021 година си замина од Јувентус.