Лазаров го објави списокот со ракометари - се враќаат Томовски и Ојлески (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи против Естонија и Литванија во последните два меча во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година, а селекторот Кире Лазаров го скрати списокот.

Во репрезентацијата се враќа македонскиот голман Мартин Тимовски на местото на Марко Кизиќ, додека Гоце Ојлески ќе настапи како замена за повредениот Цветан Кузманоски.

Лазаров се реши да повика и дебитант во репрезентацијата, а тоа е Мартин Ивановски кој ќе биде дел од селекцијата по повредите на Марко Митев и Игор Ѓорѓиев.

Македонија првиот меч го игра на гости кај Естонија на 8 мај, додека три дена подоцна ќе ја пречека Литванија. Нашата репрезентација по четири одиграни меча има два освоени бодови и се наоѓа на третата позиција во групата.