
Понуда од 50 милиони евра го натера Анчелоти да ги „откачи“ Бразилците!?
„Релево“ објави дека Анчелоти го известил раководството на бразилскиот фудбалски сојуз дека Реал Мадрид не му дозволува да замине во јуни, освен ако не се откаже од останатите плати од договорот кој беше потпишан до крајот на следната сезона.
Во меѓувреме се појави и информација дека Анчелоти добил примамлива понуда од саудискиот тим Ал-Хилал, кој е подготвен да му плаќа по 50 милиони евра годишно.
Анчелоти засега нема донесено конечна одлука кого ќе води во иднина, а истото прашање се чека да биде одговорено во следниот период, односно пред крајот на актуелната сезона.