Алиоски со Ал Ахли во финалето од Азиската лига на шампиони

Екипата на Ал Ахли е прв финалист во Азиската лига на шампиони откако вечерва го победи фаворизираниот првак на Саудиска Арабија, Ал Хилал со 3-1.

Член на Ал Ахли е Езѓан Алиоски што значи дека македонскиот репрезентативец ќе има можност да се бори за најважниот трофеј на азискиот континент. Фирмино и Тони во првот половина час му донесе предност на Ал Ахли со 2-0, Ал Давсари намали, Френк Кеси во второто полувреме промаши пенал, но Ал Бураикан во судиското продолжение го постави конечниот резултат. Алиоски го одигра цел натпревар, а доби жолт картон уште во првата минута.

Вториот финалист во Азиската лига на шампиони ќе се знае утре, по мечот меѓу Ал Наср и Кавасаки.