
Едерсон си оди од Сити, Гвардиола најде нов голман
Британските медиуми тврдат дека Пеп Гвардиола нашол нов чувар на мрежата во португалскиот голман Диого Коста кој е на голот на Порто од 2019 година, а веќе четири години е стандарден репрезентативец на Португалија. Коста има договор со Порто до 1 јули 2027 година, а неговата вредност во моментов се проценува на 38 милиони евра.
Што се однесува до Едерсон, тој има понуди од Саудиска Арабија за плата од 50-60 милиони евра по сезона.
фото: EPA PHOTO