
Големиот талент на Ривер постигна спектакуларен гол на Суперкласико! (ВИДЕО)
Мастантуоно го постигна водечкиот гол на натпреварот, тој во 26. минута со прекрасен гол од слободен удар донесе предност на Ривер од 1-0. Ова беше еден од најубавите голови оваа сезона.
13 минути подоцна Мигел Мерентиел израмни на 1-1. А пред самиот крај на првото полувреме Друиси реализираше и го врати водството на Ривер на 2-1.
Во вториот дел немаше погодоци, па домаќините се израдуваа на победата.