
Тројца фудбалери на Реал Мадрид со нетрпение чекаат Анчелоти да замине
Италијанскиот стратег го одработува вториот мандат во клубот откако пристигна во 2021 година, претходно го предводеше гигантот од Мадрид од 2013 до 2015 година.
На Реал му преостануваат уште пет натпревари до крајот во Ла Лига во кои ќе се обиде да го надополни заостанувањето од четири бода зад водечката Барселона, а потоа следи и Свветското клупско првенство каде што според дел од шпанската јавност Анчелоти нема да биде на клупата.
Но, сега медиумите пишуваат и дека тројца фудбалери на Реал Мадрид со нетрпение го очекуваат заминјувањето на Италијанецот.
Наводно, станува збор за Ендрик, Арда Ѓулер и Брахим Дијаз кои веруваат дека со новиот тренер кој според најавите треба да биде Чаби Алонсо ќе добијат повеќе простор за игра.
Ендрик за Реал има 34 настапи во кои постигна седум гола и додаде една асистенција, Ѓулер одигра 38 натпревари и во нив постигна четири гола и запиша осум асистенции, додека Дијаз на 48 натпревари постигна шест голови и подели седум асистенции.
Фото: Real Madrid C.F/X