Им донесе титула, а не му го знаеле ниту името - Слот не се викал Арне!

Eкипата на Ливерпул под водство на тренерот Арне Слот успеа да ја освои титулата во Премиер лигата, но еден податок за холандскиот стратег веројатно не им беше познат на најголем дел од фановите на „црвените“.

Слот на клупата на Ливерпул пристигна како замена за Јирген Клоп кој на „Енфилд“ помина девет години и освои вкупно осум трофеи.Титулата со Ливерпул ја обезбеди на четири кола пред крајот со победата од 5-1 над Тотнем на домашен терен.

Но, дури сега голем дел од навивачите дознаваат дека всушност неговото име не е Арне, туку Аренд Мартин Слот.

Аренд на холандски значи орел и ретко се користи во неговата земја, а прекарот Арне го наследил од неговиот татко.

„Не знам дали ова некогаш ќе го прифатам“, „Она чувство кога ќе откриеш дека неговото име всушност не е Арне“, „Морам да седнам откако го дознав ова“, „Ова е како кога дознав дека Хозе е вистинското име на Пепе Реина“,...се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: Liverpool FC/FB