
Јанта Волеј со пресврт до водство во финалната серија
До триумфот, тимот од Кисела Вода стигна по повеќе од два часа борба и со пресврт, имајќи предвид дека губеше со 0-1 и 1-2 во сетови. Јанта Волеј покажа карактер бидејќи изгледаше грогиран кога го загуби третиот сет со 11-25, а потоа во одлучувачкиот долго време беше во негатива со два или три поени разлика (3-6, 5-8 и 9-11).
Сепак, кога беше најпотребно Јанта Волеј направи серија од 6-2 и на тој начин стигна до водство во финалето. Мери Бошковска со 15 поени беше лидер на Јанта Волеј, додека Баталаковска во редовите на Работнички со 23 поени беше најефикасна на натпреварот.
Вториот меч од финалната серија се игра на теренот на Работнички, во малата сала „Борис Трајковски“ во вторник од 17:30 часот.