Погледнете ја бомбата од десет метри со која Хориха ја скина мрежата на Митревски (ВИДЕО)

Вардар останува во трка за шампионската титула во македонскиот ракомет, откако вечерва во Битола го совлада големиот ривал Пелистер со 35-34 и тоа со победничкиот гол го постигна Дмитро Хориха буквално во последната секунда од натпреварот.

Украинскиот бек покажа лидерски квалитети во клучен момент – при само четири секунди до крајот, тој ја презеде одговорноста и со скок-шут од десетина метри ја пробие одбраната на домаќините и речиси буквално да ја скине мрежата на голманот Никола Митревски, обезбедувајќи брејк на жешкиот терен во Битола.

Овој триумф ја зголемува битката за првото место, бидејќи до крајот на сезоната и Вардар и Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната имаат натпревари против Алкалоид, како и уште еден меѓусебен дуел, овојпат во Скопје. Вардарци по првиот дел од плејофот се лидери на табелата со 12 бодови, еден повеќе од битолчани и четири повеќе од „фармацевтите“, кои имаат и меч помалку.