Анчелоти се изнервира поради потег на Ендрик: Ова не е циркус! (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го извади Ендрик од игра откако младиот Бразилец направи потег кој го извади од такт Италијанецот.

Мадрид славеше со 1-0 на гостувањето кај Хетафе, а Ендрик беше стартер на мечот. Во текот на второто полувреме Бразилецот неуспешно се обиде да го лобува голманот на домаќините во ситуација кога на Реал му требаше гол за да ја завери победата.

Ендрик тоа го направи многу лабаво, а Анчелоти збесна и брзо потоа го извади од игра.

„Ендрик имаше две шанси, при првата направи се како што требеше, но немаше среќа да погоди. Што се однесува до втората, можеби беше во офсајд, но можеби и не беше“, вели Анчелоти.

„Сепак, не може да прави такви работи. Млад е и ќе научи. Но, не може да прави вакви трикови, треба да ја шутне топката силно, а не да мисли на тоа како да направи шоу за публиката. Ова не е циркус“.