
Нов проблем за Реал: Се повреди Камавинга и нема да игра во финалето од Купот
Французинот се повреди во финишот од синоќешниот натпревар против Гетафе откако при еден дуел со противничкиот фудбалер Луис Мила по што се фати за препоните. Изгледаше како обичен дуел, но по експресијата на лицето на Камавинга стана јасно дека не е добар.
И покрај укажаната лекарска помош, тој остана во игра, но повторно седна на тревата, 30-тина секунди подоцна и почна да плаче бидејќи не е во можност да продолжи. Анчелоти урлаше по докторот што не го извадил од игра веднаш, но Камавинга беше тој што инсистираше да остане во игра.
Повредата на Камавинга е уште еден голем проблем за Реал кој во финалето, како што рече Анчелоти, ќе биде и без Давид Алаба.