Гвардиола бара помош од навивачите: Дуелот со Астон вила е финале за нас!

Манчестер сити има ужасна сезона која ќе се обиде да ја спаси со пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), но сè уште го чека тешка битка да обезбеди место меѓу најдобрите пет екипи во Премиерлигата.

Пеп Гвардиола вели дека дербито против Астон вила ќе биде финале за „граѓаните“ поради тоа што двете екипи се борат за место во ЛШ.

„Го гледав нивниот меч против ПСЖ и бев импресиониран. Тие можат да играат дефанзивно, но и да нападнат во вистински момент. Ова е за нас финале и ни треба поддршка од навивачите“, кажа Гвардиола.

Дербито се игра вечерва од 21 часот на „Итихад“. 

Фото: Manchester City/FB