
Жирона изгуби без Миовски и ѝ претстои жестока борба за опстанок (ВИДЕО)
Каталонскиот тим денеска на домашен терен доживеа пораз од Бетис со 1-3 и сега има само три бода повеќе од 17-пласираниот Алавес и пет од Леганес кој е една позиција подолу. На Бетис му требаше едно полувреме за да ги скрши сите надежи на Жирона дека може да дојде до поволен резултат бидејќи во првите 45 минути постигна три гола, преку Џони Кардосо, Антони и Иско.
Стуани во финишот ја спаси честа на домашниот тим за кого не играше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Ова беше четврти пораз по ред за Жирона која во следното коло има директен дуел со ривал за опстанок затоа што му гостува на Леганес.