
Катастрофа на повидок: Барса без Левандовски на двомечот со Интер и двата дуела со Реал!?
Сепак, се чини дека во клучните натпревари ќе биде без својот најдобар стрелец и лидер во тимот Роберт Левандовски. Полјакот се повреди на вчерашниот натпревар против Селта и првите прогнози се дека се работи за скинат мускул на задната ложа. Денеска ќе се знае нешто повеќе за тоа, но првите прогнози не се многу оптимистички.
Ако тие се покажат точни, Барса ќе биде без Левандовски на клучните натпревари од сезоната и тоа може да се одрази на резултатите на каталонскиот тим. Ќе пропушти најмалку шест меча, вклучувајќи ги двата од полуфиналето од Лигата на шампионите против Интер, како и оние против Реал во финалето од Копа дел Реј и клучниот во првенството, на 11 мај. Постојат минимални шанси да се појави на тој меч, во 35. коло од Ла Лига, но само ако рехабилитацијата оди според планираното.