Арсенал го одложи шампионското славје во Ливерпул (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул ќе мора да почека барем една недела за прослава на шампионската титула во Премиер лигата бидејќи не се исполни еден од условите за тоа да се случи денеска.

По триумфот против Реал во Лигата на шампионите, Арсенал без проблеми го совлада Ипсвич со 4-0 и освен што го испрати противникот во Чемпионшип, ги задржа теоретските, иако не реални, шанси за освојување на титулата. Дури и Ливерпул да го победи Лестер, нема денеска да ја освои титулата, туку ќе мора да почека до идниот викенд.

 

 

„Топчиите“ дадоа по дв гола во двете полувремиња, во првото погодија Тросар и Мартинели, а во второто повторно Тросар и Нванери.

 

 

Челси ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите откако со пресврт го победи Фулам со 2-1, додека Манчестер Јунајтед загуби на домашен терен од Вулверхемптон со 0-1, но тоа и не е изненадување ако се знае дека во четвртокот менаџерот Аморим изјави дека сите сили ќе ги насочи кон Лигата Европа.

 

фото: FC ARSENAL