Пјастри прв ја мина целта во Џеда и се качи на врвот во генералниот пласман!

Пилотот на Мекларен, Оскар Пјастри имаше фантастично возење на трката за Големата награда на Саудиска Арабија која се случуваше во Џеда, тој победи и се качи на првото место на табелата.

За Пјастри ова беше трета победа оваа сезона. Денешната трка не ја почна од пол-позицијата, но го претекна Ферстапен, изби на лидерското место и остана таму.

Втор беше Ферстапен кој стана првиот возач кој имал пол-позиција на трката во Џеда, а не успеал да победи.

Шарл Леклер заврши на третото место, тоа беше прв подиум за Ферари оваа сезона на главните трки.

Во топ десет завршија уште Ландо Норис, Џорџ Расел, Кими АНтонели, Луис Хамилтон, Карлос Саинц, Алекс Албон и Исак Хаџар.

На врвот на табелата сега е Пјастри со 99 бода, десет повеќе од неговиот клупски колега Ландо Норис, и 12 од Ферстапен кој е трет.