
Ѓоковиќ пристигна во Мадрид со стариот тренер
Србинот и понатаму е во потера по својот прв трофеј по пауза од 17 месеци и вкупно 100. во кариерата, а во Мадрид има три титули, освоени во 2011, 2016 и 2019 година. Оваа сезона тој на турнирите често ги менува тренерите, но во Мадрид покрај него ќе биде Енди Мареј.
Британскиот ас беше со него на вчерашниот тренинг и ќе седи во ложата за време на натпреварите. Турнирот почнува на 21 април и ќе трае до 4 мај, а најдобрите тенисери ќе се вклучат нешто подоцна.