Мектоминеј ја сруши Монца, Наполи се израмни со Интер (ВИДЕО)

Екипата на Наполи стигна до минимална, но важна победа на гостувањето кај Монца во рамките од 33. коло во Серија А.

Монца го пречека Наполи како последна на табелата со само 15 бода, 11 помалку од Лече кој е прв над опасната зона, но сепак долго одолеваше на нападите на фаворитот.

Моментот на одлука се случи во 72. минута кога Скот Мектоминеј го постигна голот со кој Наполи дојде до трите бода.

Наполи со овој триумф се израмни со Интер кој утре го игра својот натпревар од ова коло против Болоња.