Хаос во Струга: Тепачка по натпреварот со Гостивар! (ВИДЕО)

Бурно по денешните натпревари во ПМФЛ во кои Воска го напушти теренот против Вардар, Шкупи се жалеше на судењето против Силекс, а по натпреварот помеѓу Струга и Гостивар дошло до физичка пресметка.

Вистински хаос се случува по средбата во Струга, а во големата мешаница може да се забележи дека се вмешуваат и неофицијални лица, покрај фудбалерите и членовите на двете екипи.

Во овој момент не се познати причините за ваквиот инцидент.