Шкупи реагира: Силекс израмни со гол од чист офсајд! (ВИДЕО)

Натпреварите од 28. коло во ПМФЛ ќе поминат во сенка на инцидентот кој се случи во Охрид, меѓутоа на судењето се жалат и од редовите на Шкупи за натпреварот против Силекс.

Силекс на гостински терен славеше победа од 1-2, но од Шкупи сега реагираат со соопштение во кое истакнуваат дека голот на гостинскиот состав за израмнување е постигнат од офсајд позиција.

Како нови челници на ФК Скопје, кои веќе неколку месеци ја презедоа одговорноста да го водат клубот, секогаш сме го избирале патот на смиреност и посветеност на фер-плејот. Не го кренавме гласот, дури и кога бевме сведоци на очигледни неправди. Покажавме трпение и почит кон институциите и покрај тешкотиите и контроверзните одлуки кои често директно влијаеја на текот на нашите натпревари.

Сепак, она што се случи денеска на мечот против Силекс е недозволиво. Грешките се дел од играта, разбираме сомнителни офсајд позиции или брзи одлуки во тешки ситуации. Но, конкретниот случај кога Силекс преку гол асистиран со скандалозна самоволна одлука успеа да израмни на 1-1, ја надминува секоја граница на толеранција.

Бараме сериозно и итно размислување од сите инстанци на Фудбалската федерација на Македонија, од највисоките органи до Судиската комисија и самите судии кои се одговорни за непречено одвивање на играта. Фудбалот заслужува искреност, транспарентност и почит за жртвите на клубовите, играчите и навивачите.
ФК Скопје ќе продолжи достојно да се бори на теренот, но повеќе нема да молчиме пред ваквите неправди.