На Островот пресметаа: Познато колку ќе заработи Ливерпул, ако ја освои титулата во Премиер лигата

Екипата на Ливерпул како што стојат работите ќе ја освојат титулата во Премиер лигата и треба да се случи чудо во финишот да не станат шампиони во најсилната англиска конкуренција. 

На избраниците на Арне Слот потребни му се само две победи во последните шест натпревари за и математички да ја освојат титулата.

Медиумите во Островот ја пресметаа и сумата што секој клуб ќе ја доби по завршувањето на сезоната во завиност од позицијата. Така според пресметките Ливерпул како шампион ќе оствари заработка од 151.4 милиони фунти.

Треба да се спомене дека секој клуб во Англија од Премиер лигата добива 95 милиони фунти, додека останатите средства се распределуваат во зависност од рангирањето.