Алкараз закажа финале против Руне во Барселона (ВИДЕО)

Карлос Алкараз ја продолжи добрата форма на турнирите на земјена подлога и со победа над Французинот Артур Филис закажа финале во Барселона против Холгер Руне.

Влезе Алкараз како фаворит во натпреварот и таа улога на теренот ја оправда без многу проблеми против тенисерот кој е 14-ти на АТП листата славејќи победа со 2-0 (6-2, 6-4).

Во првиот сет, Алкараз му дозволи на Филис само два гема, додека во вториот францускиот тенисер освои четири.

Претходно денеска во второто полувреме Еуне исто така со 2-0 (6-3, 6-2) го совлада Карен Хачанов.

Финалето е закажано за утре во терминт од 16:00 часот, а Алкараз ќе се обиде да дојде до уште една титула по триумфот во Монте Карло.