
Дончиќ не можеше сам, катастрофа на Лејкерс на стартот од плејофот (ВИДЕО)
На домашен терен, тимот од Калифорнија доживеа катастрофа и загуби со 95-117 и покрај тоа што Лука Дончиќ одигра извонреден натпревар. Словенецот постигна 37 поени и 8 скока, но оствари само една асистенција.
Потфрлија неговите соиграчи бидејќи Леброн Џејмс постигна 19, а Остин Ривс 16 поени, па Дончиќ остана без соодветна помош. Решавачка беше серијата на Минесота од 11-0 во третата четвртина во која водството на гостинскиот тим отиде и на 27 поени разлика.
Вулфс на овој натпревар ја потврдија одличната форма во која се наоѓаа во финишот од основниот дел од сезоната. Џејден Мекдениелс постигна 25, Наз Рид додаде 23, а Ентони Едвардс заврши со 22 поена. Вториот меч од серијата повторно се игра во Лос Анџелес и Лејкерс нема да имаат право на нов кикс бидејќи во тој случај Минесота ќе биде на чекор од пласман во следната рунда.
РЕЗУЛТАТИ - ПЛЕЈОФ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Индијана - Милвоки 117-98 (1-0)
Њујорк - Детроит 123-112 (1-0)
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ЛА Лејкерс - Минесота 95-117 (0-1)
Денвер - ЛА Клиперс 112-110 (1-0)