Манчестер сити ќе го избрка најскапото засилување во клупската историја!?

Англискиот гигант Манчестер сити планира ова лето да се раздели со нивното најскапо засилување, Џек Грилиш кој во 2021 година пристигна од Астон вила за речиси 120 милиони евра.

„Граѓаните“ планираат голема реконструкција следното лето, а Грилиш ќе биде еден од првите кои ќе го напуштат „Итихад“.

За услугите на англискиот репрезентативец постои интерес од три премиерлигаши, меѓу кои се Астон вила, Њукасл и Тотнем.

Англиските медиуми пишуваат дека цената на Грилиш е драстично падната, односно „граѓаните“ за неговиот потпис ќе бараат „само“ 35 милиони евра.