
Реал Мадрид е последниот патник во плејофот на Евролигата
„Кралскиот клуб“ доминираше од почетокот на натпреварот и првата четвртина ја доби со 33-17 кога ја создаде највисоката предност, по што Баерн не успеа да фати резултатски приклучок и мораше да се збогува со европското натпреварување.
Хезоња беше најефикасен во победничкиот тим со 21 поен, додека Нејпир запиша 19 поени за Баерн.
Во четвртфиналето на Евролигата ќе се соочат:
Олимпијакос – Реал Мадрид
Панатинаикос – Анадолу Ефес
Монако – Барселона
Фенербахче - Париз
The BRACKET! pic.twitter.com/gHq255vTP3
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 18, 2025