Вараждин на македонски погон го сопна Хајдук во трката за титулата!

Хајдук Сплит не успеа да победи на втор меч по ред во хрватскиот шампионат, откако вечерва ремизираше против Вараждин каде што играат неколку македонски фудбалери.

Гостите од Сплит веднаш се соочија со проблеми затоа што по само 16 минути останаа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Диало, кој направи глупав фаул толму над нашиот Митровски, удирајќи го во момент кога ја немаше топката во посед. Во финишот од првото полувреме Вараждин успеа да го преземе и водството со погодокот на Вук.

Ливаја ја врати надежта кај Хајдук за победа, откако во 50. минута од пенал стрелаше за 1-1, но гостите немаа сила да постигнат и втор погодок.

Македонските фудбалери Димитар Митровски и Марио Младеновски го одигра цел меч за Вараждин, додека Ване Јованов остана на клупа. Шанса не доби ниту Александар Трајковски во редовите на Хајдук.